Моментот кога Албин Курти поминува покрај Рамуш Харадинај и еве што се случи (ВИДЕО) – Слободен печат
ВестиРегион

Моментот кога Албин Курти поминува покрај Рамуш Харадинај и еве што се случи (ВИДЕО)

Двајцата кандидати имаа можност да се сретнат за време на смената во телевизикото студио.

Во телевизиска емисија Пресинг, синоќа беа поканети двајца кандидати за премиер на Косово Албин Курти од Самоопределување и Рамуш Харадинај од коалицијата АИК – СДП. Тие имаа можност да се видат еден со друг од многу блиску, но ниту се поздравија.

Нивните интервјуа беа реализирани едно по друго, а двајцата кандидати имаа можност да се сретнат за време на смената во студиото.

Додека Курти по интервјуто излегуваше од студио, Харадинај во тоа време седеше на една од масите надвор од студиото со својот тим, но воопшто не се поздравија.

Курти и Харадинај вo текот на 2015-2017 година заедно беа во опозиција и имаа добри меѓусебни односи. Дури заедно организираа протести против демаркацијата со Црна Гора и Асоцијата на српските општини, пренесува Експрес.

Инаку предвремените парламентарни избори во Косово се закажани за 6 октомври, а учествуваат 25 политички субјекти. Право на глас имаат помалку од два милиони жители.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close