Моментална состојба со коронавирусот во светот: 170.248 заразени, 6,526 починати и 77.788 оздравени

Фото: EPA-EFE/ROBERT GHEMENT

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 170.248 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 6.526, а оздравени се 77.788.

Дака- Бангладеш денеска соопшти дека ги затвора сите образовни институции во следните 15 дена откако вчера беа забележени уште три нови случаi на заразени од коронавирусот во оваа јужноазиска држава. Две деца се меѓу трите нови случаи, кои имале контакти со првично заразените лица во оваа земја. Првите случаи на Коронавирус во Бангладеш беа регистрирани на 8 март, јави ДПА.

Вашингтон – Американскиот претседател Доналд Трамп и порача на нацијата да престане панично да купува храна и други намирници во услови на криза со коронавирусот. „Не мора да купувате толку многу, рече тој на прес-конференцијата во Белата куќа. „Само опуштете се”.

Анкара- Во Турција се регистрирани 12 нови случиа на заразени од Ковид-19, со што вкупниот број на заразени достигна 18.

Сеул: Јужна Кореја информира за најмалата бројка на новозарезени лица во последните речиси три недели, со 74 нови инфицiрани и ниту еден починат во последните 24 часа, повикувајќи се на здравствените власти. Во оваа азиска земја досега се заразени 8. 236 лица.

Неколку крузери се заглавени на отворено море или во пристаништата низ светот, откако на нив биле откриени случаи на заразени или сомнителни на коронавирус. На трансатлантскиот крузер „МС Брамер” со повеќе од 600 патници и најмалку петмина потврдени очајнички се бара место за впловување, откако беше одбиен од неколку карипски земји. На крузерот „Силвер Шадоу”, што се усидрен во Брaзил, коронавирус е утврден кај еден канадски државјанин. На бродот се наоѓаат 609 патници и сите се во изолација од четвртокот. На крузерот „Силвер Експлорер”, пак, што е усидрен во Чиле, исто така, има еден позитивен на коронавирус. На бродот се наоѓаат 111 патници и 120 членови на екипажот и сите се во изолација.

Софија- Во Бугарија е откриен нов случај на коронавирус кај едно деветгодишно дете, странски државјанин, кое било во контакт со својот чичко при посетата на земјата..

Осло- Норвешка во 14-дневен карантин го става секое лице кое се враќа од странство, без разлика на земјата од која доаѓа, соопшти ноќеска норвешката Влада.

Виена- Бројот на инфицирани во Австрија се доближува до 1.000 лица, а ноќеска е регистрирана и втората жртва од заразата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот