Момчиња од Франција на возраст од 3 и 10 години скокнале од трет спрат за да се спасат од пожар (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Момчињата биле хоспитализирани заедно со 17 други жители на зградата, јавија локалните медиуми.

Две момчиња во вторникот скокнале од прозорец на висина од десет метри и на тој начин се спасиле од пожар што зафатил дел од станбена зграда во францускиот град Гренобл.

Момчињата се браќа на возраст од 10 и 3 години биле пречекани и фатени од станари на зградата, а браќата минале без повреди, освен тоа што имале вдишано чад, пишува „Еј-би-си њуз“.

На видеото од овој драматичен настан се гледа како постариот брат најпрво го држи помладиот, а потоа го испушта во рацете на станарите, кои подготвено чекале пред зградата. Постариот брат потоа сам скокна од прозорецот и падна во рацете на соседите.

Момчињата биле хоспитализирани заедно со 17 други жители на зградата, јавија локалните медиуми. Четири лица, кои ги фатиле момчињата, биле однесени во болница за лекарите да проверат дали претрпеле некои скршеници бидејќи децата паднале на нив.

Атумани Валид, 25-годишен студент, го скршил зглобот додека помагал да се фатат момчињата. Тој рече дека првин слушнал вресоци, а потоа го напуштил станот кога видел дека избувнал пожар во соседниот.

– Не знаевме што да правиме. Се обидовме да ја турнеме вратата, но не успеавме – изјавил Валид за „Асошиетед прес“.

Тој и уште неколку станари потоа излегле надвор пред зградата и ги повикале момчињата да им скокнат в раце.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот