Момчето кое се здоби со тешки повреди од струен удар при обид за кражба во Трубарево ќе биде лекувано во странство

Министерство за Здравство/ Фото Архива на Слободен печат

Според информациите од Министерството за здравство, рано утринава се почнати подготовки за транспорт за лекување во странство на момчето кое вчера беше повредено од струен удар при обид за кражба на Железничката станица во Трубарево.

„Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување и сите засегнати институции се на располагање, во моментов се подготвува медицинска документација и се организира превоз момчето кое вчера се здоби со изгореници од струен удар во најбрзо време да биде пренесено на лекување во странство. Нашите лекари максимално се грижат за момчето да ја добие неопходната здравствена заштита“, велат од Министерството за Здравство.

Од таму додаваат дека со дополнителни информации ќе излезат во јавноста за краток временски период.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот