Момчето кое се повреди од струен удар во Трубарево ќе биде испратено на лекување во Софија

Министерството за здравство од претходно информираше дека момчето кое вчера се здоби со изгореници од струен удар во Трубарево ќе биде испратено на лекување во странство, а сега е потврдено дека ќе се лекува во во најголемиот центар за изгореници на Балканот.

Станува збор за болницата Пирогов во Софија, која има и специјален оддел за детски изгореници.

Од Министерството за здравство информираат дека е обезбедено санитетско возило кое треба да тргне во секој момент.

„Голема благодарност до колегите во Софија кои веднаш обезбедија место за понатамошно лекување на детето и му посакуваме побрзо опоравување. Министерството за здравство на Република Северна Македонија и Министерството за здравство на Република Бугарија во месец јануари 2019 година потпишаа Меморандум за соработка. Нашата држава има одлична соработка со болниците во Бугарија“, велат од МЗ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот