МОМЧЕТА, ТОЗИ НЕЛИ Е ИСТОРИЈСКИ РЕКЕТ БЕ?!

Има една српска фраза, да простите „коме је суџено да га ј*бу, њему гаче саме падају“. Е, не знам зашто ми текна на оваа фраза гледајки како еден бивши „Рајх“ покажува респект кон една мала земја како што е Македонија, а од друга страна Бугарите викаат „чекај бре, не прави рачун без крчмара!“ И додека сите можни позитивни вибрации ги испративме во етерот, а богами и на хартија, ситуацијата на ‘‘ куде ќе бегаш, мораш‘‘ не затекна како државичка на работ на зачувувањето на елементарното достоинство.
За да освоиш народ не ти треба понекогаш пушка! Парче хартија!

За да не ја отварам темата колку како „Југословени‘“ бевме „Американци“ за цел комунистички свет, ( а да не јадам ‘„мушмули“тек за Грците!!) ќе се фокусираме на актуелната ситуација во време во кое една маса наши државјани потпишувајки формулари за бугарски пасош „им отворија уста“ на сите оние кои утре со право ќе речат „еми, потписали сте обаче че сте Балгари!“

На страна декларативните „Балгари“! За гола егзистенција и „спас“ и наши „Банту црнци“ има!
Тоа многу добро го знаат и Бугарите, ама финтата беше одлична. Е, сега со сета почит кон луѓе кои тоа го направиле за „спас“, а не како резервна варијанта да бегаат кога ќе треба да одговараат, не може да не резимираме дека државава ‘‘ не е предавана‘‘ на комисии и великопатриотски митинзи, туку тивко е ‘‘динстана‘‘ од маса граѓани на Р.С. Македонија потполно свесно дека тоа е грев. Е, па сега не чека само една работа за ‘‘дорезилуење‘‘. Министерството на Надворешни работи на Р. Бугарија да излезе со конкретна ( ачик ) листа на имиња и презимиња што имаат бугарски пасош, а со тоа под дифолт си потпишале дека се ‘‘Балгарчета‘‘! Која ли тек ‘‘атомска бомба‘‘ би ‘‘попил народ‘‘ кој му верува на секој бели мајмун по политиката?

„Брала мала јагоде, нешто је убоде!“ А, мислила је да је трава! Драги мои со спуштени гаќи!
Додека бевме ‘‘Југословени‘‘ никој не смееше да не чачка! Дали е ова ‘‘А-ха, ве начекавме‘‘!?
Да!, ..даааа!

Ок! „Идемо даље за исте паре“. Тоа што Бугарите од нас го бараат во клучен момент, барем јас не можам никако поинаку да го подразберам освен како класичен историски ‘‘рекет‘‘! Сите досегашни договори, преговори, ‘‘тапшања по рамо‘‘ испаѓа дека се само исто како кога некој лихвар што ти позајмува пари, кога ти ги дава те сака како човек и како пријател, за утредента ти ја вади душата и не те остаа да спиеш раат.

Она со што се соочува нашата држава не може да остави никого рамнодушен. Македонско – Бугарско – Македонската историска преписка во време во кое мирот и стабилноста може само да биде од општ регионален бенефит, доведува во прашање цел еден општествен механизам на единство во кое идентитетот нема и не смее да трпи!

БУГАРИТЕ ЈА ШУТНАА ТОПКАТА ВО НЕПОТРЕБЕН ПРАВЕЦ ВО НЕПОТРЕБНО ВРЕМЕ.

Што сакам да кажам? Ајде вака. Евро интегративните процеси не се ниту културолошка, ниту уметничка, ниту музичка, ниту свадбарска ОСМОЗА! Зад комплетната филозофија на евро интегративните процеси пред и после се стои – ЕКОНОМИЈА! Секако таа подразбира квалитетна меѓу општествена функционалност, трговија, инфра структурални поврзувања, слобода на движење, делување на развој во вид на здраво функционално ткиво.

Браќа Балгари! Дали ќе бидете посреќни ако ваш сосед остане на периферијата на ЕУ? Дали ви е побитен И ВАМ ‘‘мустакот на Гоце Делчев‘‘ од регионалната експанзија на бериќет, развој и напредок? На трасирањето на квалитетен 21 Век во кој технологијата ја претрка дури и релативноста на ‘‘Тајната Вечера‘‘?! Тогаш не сте ништо подобри од нас што не критикувате!

Дали Европската интегрираност ги ‘‘испегла‘‘ германско – француско – холандско – фламанските истории кои сами по себе изрелативизираа цели енциклопедии? Кој кого рекетираше кога се формираше Европската Унија? Пишаната историја на Европа во најголем дел е релативна ако се земе во предвид дека секој тврди дека ја измислил топлата вода. А не зема во предвид преселби на народи, војни, две светски војни после кои историјата ја пишувале победниците и они кои останале „живи“.

Па и вие самите имате проблем да докажете на која страна сте биле за време „втора светска!“
Познавам Бугари кои се „од рака вода да им пиеш“. Но, растен на ова тло исто така познавам и Македонци на кои не само од рака вода да им пиеш, туку и дете слободно да им оставиш да ти чува. Како Албанец, претставник на некој од друг етникум кој не е директно засегнат за проблематиката меѓу Бугарите и Македонците, ниту сакам, ниту можам да бидам рамнодушен по ова прашање! Има граѓани на Р. Бугарија кои ги нарекувам „брат!!“ Се колнам! Ама,.. и македонците ми се браќа. Со нив јадам леб! Делам парче сонце!

Бугари,.. другарчиња, зошто правите „фаул у напад?!“ Кој има корист тоа, ни вие немате!
Гордиевиот јазол на историјата НА БАЛКАНОТ не може да го разврзе „ни Свети Петар“ лично. Политиката на ‘‘сега си ми седнат в скут па ќе ти праам што сакам‘‘ е регионално погубна ако Македонија не влезе што побргу во Европа. И ние, и Вие,.. имаме се повеќе писмени деца кои имаат време да расправаат дали навистина Крале Марко кога пиел вино ‘‘правел гаргара‘‘ или ждригал! Тврдам дека новите генерации кои ги гледаат истражувањата на „National Geograph“ на „Discovery Channel“ еден ден ќе се смејат колку сме биле бедни,.. и ние, ама и ВИЕ!

И на крај, не сакам да звучам како излихтен ВМРО-вец кој ја брани македонштината до ниво на небулози, туку сакам само да кажам дека ако Бугарија биде ‘‘себеп‘‘ ( причина/турцизам) да не влеземе во европското семејство овакви какви што сме, тоа ќе биде историска грешка, а последиците нека ги чува БОГ! Не нас македонците, туку целиот регион кој ќе земе пример како може кој кого сака „да дупи“ кога му се може. Балканот бележи е-хее какви глупости! ‘‘Нас македонците‘‘!? Да! Нас, граѓаните на македонската држава. Не сакам да речам намерно ‘‘ Северна‘‘, зашто ќе го отвориме прашањето на „зарем има и Источна, Јужна“… Тоа ќе нема крај!

Да! „Нас македонците“ ..Македонци,Албанци, Турци, Срби, Власи,…ништо помалку географски ЕВРОПЈАНИ ОД ВАС! А дека Вие, Румуните, Хрватите, Словенците.. преку ноќ „станавте Французи“ тоа „обеси мачки о реп пријатељу!“

СО РЕСПЕКТ, ПОЧИТ И ЉУБОВ КОН МАСА БРАЌА, ПРИЈАТЕЛИ И ПОЗНАНИЦИ ШИРУМ Р. БУГАРИЈА. НИШТО ЛИЧНО! … животот тече понатака а планетата се врти и со, и без нас!
„MAKE LOVE,… NOT WAR“….

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот