Момче застрелало минувачи на автобуска станица во Русија, најмалку тројца мртви (ВИДЕО)

Младо момче денеска отворило оган кон минувачи на автобуска станица во западниот руски град Нижни Новгород, убивајќи најмалку тројца мажи, јави ДПА.

Во нападот, што се случи доцна попладнево, сериозно се повредени и три жени, соопшти полицијата, на која се повикува агенцијата.

Полицијата соопшти дека трага по вооружено 18-годишно момче, кое е осомничено дека, наводно, со возило избегало од местото на настанот.

Мотивот за нападот, засега останува нејасен, додава ДПА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот