Момче во Сирија се здобило со страшни изгореници во напад со хемиско оружје: Тато, нека престане да боли, те молам (ФОТО)

Фото: Принтскрин

На социјалните мрежи се појавија снимки од деца во Сирија кои на себе имаат големи изгореници и рани, јавуваат светските меидуми.

Како што тврдат локалните Курди, наводно Турците во своите напади користат хемиско оружје од кое најмногу страдааат цивили.

Од болница во Тал Мар во Сирија, која се наоѓа недалеку од пограничниот град Рас ал-Ајин, каде се водат жестоки борби, се појавила снимка од изгорено момче, пишува Дејли Мејл.

Кога момчето било доведено во болницата, чувствувало големи болки.

– Тато, нека престане да боли, те молам – извикувало момчето во болницата.

Британски експерт за хемиско оружје за англиските медиуми истакнал дека момчето страдало од хемиски напад.

Фото: Принтскрин

Снимката ја објавиле курдските медиуми, а покрај неа објавиле и фотографија од друго момче.

Снимките биле објавени пред примирјето во четвртокот. Но, во петокот наутро во Рас ал-Ајин повторно се слушнало бомбардирање, иако во четвртокот вечерта бил постигнат договор за прекин на огнот.

Портпаролот на курдските сили рекол дека Труција го крши примирјето и гаѓа цивилни мети во градот, од друга страна и Турција ги обвини Курдите за кршење на договорот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот