Момче со години јадело само чипс и помфрит: На 17 години ОСЛЕПЕЛ, а еве зошто ваква исхрана е толку ОПАСНА

Фото: Профимедиа

Британски тинејџер ослепел откако со години се хранел исклучително со чипс и помфрит. Овој неверојатен случај ги поттикнал експертите да предупредат на опасноста од еднолична и нездрава исхрана.

Офталмолозите во Бристол утврдиле дека видот на младото момче пропаднал до ниво на слепост, јавува ББЦ.

Тој јадел чипс, помфрит, бел леб и понекогаш шунка

Уште од кога завршил основно училиште, ова момче јадело само помфри, Принглс чипс и бел леб, а дури повремено и шунка или колбас. Овошје и зеленчук воопшто не јадел.

Кога имал 14 години тој бил на доктор, бидејќи се чувствувал изморено и лошо. Тогаш му бил дијагностициран недостаток на витамин Б12, заради што докторот му препишал витамински суплементи, но момчето не ги земал редовно и не ја поправил својата исклучително нездрава диета.

Три години подоцна, тој е одведен на очна болница во Бристол заради прогресивна загуба на видот.

Имал точки на видното поле

„Имаше точки точно на средината на своето видно поле. Тоа значи дека не може да вози и дека му е многу тешко да чита, гледа телевизија или разликувал лица. Сепак, може да оди сам бидејќи има периферен вид“, објаснила докторката Денизе Атан, која со колегите го лекувала момчето.

Лекарите го провериле нивото на витамини и откриле дека има голем недостиг од Б12, како и некои други важни витамини и минерали – бакар, селен и витамин Д.

Момчето физички не изгледало слабо ниту дебело, но било сериозно неисхрането.

„Тој изгубил минерали од коската, што е навистина шокантно за едно момче на негова возраст“, велат лекарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот