МОМЧЕ СКОКНАЛО ОД 17 СПРАТ ЗАРАДИ ТУЖБА ЗА КРЕДИТ: Немал пари, пронајден лист на кој успеал да напише 3 реченици

Мевсудин Муртиќ (24) кој во сред бел ден скокнал во смрт од 17 спрат во населбата Блатуша во Зеница, на очајничкиот чин се одлучил заради лошата финансиска ситуација, тврдат неговите комшии.

Најтешко му паднала тужбата која стигнала заради долгот кој го оставила неговата мајка, поточно кредитот, кој тој немал пари од каде да го врати.

-Му стигна тужба од банката да врати долг. Наводно добил пресуда од судот, требало да го изгуби станот. Полицијата во станот нашла лист на кој успеал да напише три реченици жалба. Веројатно тоа го дотепало, тоа што го губи станот, не можел да издржи и скокнал низ прозорец, објаснил комшијата.

Муртиќ живеел во стан со мајка му, која по тешка болест починала пред две години. Татко му го оставил кога дознал дека мајка му е трудна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот