Момче повредено од огнено оружје во угостителски објект

Илустрација/Архива на Слободен печат

Дваесет и едногодишно момче е повредено вчера од огнено оружје во скопски Чаир.

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 16,25 часот од Градска општа болница „Наум Охридски” била примена пријава за донесено лице со повреда од оружје, за кое подоцна е утврдено дека се работи за В.И. (21) од Скопје.

Повредениот, како што стои во полицискиот билтен, бил донесен во Градската општа болница од страна на Е.М. (22) од Скопје, според чие кажување додека седел во угостителски објект на ул. „Цветан Димов” во Скопје слушнал пукање, а потоа му пришол В.И., со кого се познавал од претходно и му се пожалил на болка во ногата и видел дека крвари, по што го пренел во болница.

Од страна на полициски службеници е разговарано и со В.И. и се преземаат мерки за расчистување на случајот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот