Момче од Велес се обидело да обљуби малолетничка

Фото: Profimedia

Приведен малолетник од Велес, кој вчера се обидел да изврши обљуба врз девојче, но не успеал. Случајот во полиција го пријавила, 36-годишна жена од велешко село, мајка на девојчето. Според нејзината изјава, вчера околу 13 часот во селото, 17-годишен малолетник се обидел да изврши обљуба врз нејзината малолетна ќерка, но не успеал.

Како што информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, за настанот бил известен јавен обвинител и надлежните од Центарот за социјални работи од Велес.

– Малолетникот е приведен и задржан по полициска станица. Се работи на расчистување на случајот – информира Додевски. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот