Момче од Србија е префрлено на лекување во Италија поради нов тип на хепатитис

Фото: EPA-EFE/MARKO DJOKOVIC

Деветгодишно момче за кое постои сомневање дека е заразено со хепатитис од непознато потекло е префрлено од Институтот за мајка и дете во Белград во болница во Бергамо, Италија, каде лекарите ќе одлучат дали му е потребна трансплантација на црн дроб.

Детето пристигна во белградската клиника од болницата во Чачак, моменталната општа состојба му е добра, изјави за РТС началничката на Одделот за хепатологија при Институтот за мајки и дец .

Според неа, во Институтот за мајки и деца нема нови пациенти за кои постои сомневање дека имаат нов тип на хепатитис од непознато потекло, пријавен во повеќе од 20 земји.

„Колку што знам, кај нас засега нема нови пациенти, но има една голема претпазливост. Мора да внимаваме навреме да ги направиме сите анализи во случај на потреба од преглед на ново дете“, рече докторката.

Бројот на пациенти во светот се зголемува, а досега се пријавени околу 450 пациенти, додека за некои деца е побарано трансплантација на црн дроб.

Се уште не е потврдено дали момчето има мистериозна форма на хепатитис, која досега е регистрирана во повеќе од 20 земји во светот, иако истражувањето на Институтот за мајка и дете е завршено. Хепатитис А, или „обична“ жолтица е исклучена како можност, иако лекарите прво помислиле на оваа болест поради жолтата боја на кожата на детето. Потоа биле направени други тестови и анализи за да се утврди дали детето има хепатитис од непознато потекло, за кој причината и начинот на пренесување се уште не се познати во светот, но се сомнева дека е предизвикан од аденовирус 41.

Видео на денот