Момче од Неготино сакало со кола да прегази полицаец

Сообраќајна Полиција врши контрола на возила / Фото: ,,Слободен печат" - Драган Митрески

Вчера во Неготино е уапсен 20-годишен жител на градот, кој одбил да застане на знак даден од полицијата да запре и се обидел да го удри полицаецот, соопшти МВР.

„На 25.06.2022 во 23.00 часот во Неготино од полициски службеници од Полициска станица Неготино е лишен од слобода И.С.(20) од Неготино, затоа што управувајќи патничко возило „голф”, со неготински регистарски ознаки, одбил да застане на даден знак за запирање и се обидел со возилото да удри полициски службеник кој извршувал службени дејства“, велат од полицијата.

По целосно документирање на случајот, против момчето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Видео на денот