Момче од Кавадарци со две убодни рани од нож е пренесено на скопска клиника

Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Момче од Кавадарци со две убодни рани од нож е пренесено на клиника во Скопје.

Д-р Ратко Грков од Итната медицинска помош во Кавадарци за МИА потврди дека по повикот упатен до нив, на улица во градот затекнале момче со две убодни рани во седечка положба и во свесна состојба. По укажаната прва помош, момчето било пренесено во Болницата во Кавадарци.

Како што изјави д-р Благој Митев, хирург на хируршкото одделение при кавадаречката болница, ноќеска после полноќ било донесено момче родено 1994 година.

-Момчето имаше две убодни рани од нож во пределот на лев рамен појас и во пределот на градниот кош, позади, под коската која народски се вика лопатка. Убодните рани беа со ширина од 2.5-3 сантиметри и длабочина од 4-5 сантиметри. Му дадовме прва помош и заради подетално согледување на состојбата го препративме на Клиниката за торакална хирургија во Скопје, рече Митев за МИА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот