Момче од Демир Капија на возраст од 27 години и 32 годишен пациент од Скопје се најмладите меѓу 22-та починати од ковид-19 во изминатото деноноќие

Инфективна клиника /Фото: ЕPA

Дваесет и седум годишно момче од Демир Капија е најмладиот меѓу починатите пациенти во изминатите 24 часа во земјава како последица од ковид-19, објави Министерството за здравство (МЗ).

Повеќе детали во дневните пресеци на МЗ за новозаболени лица, оздравени пациенти и смртни случаи од коронавирусот не се објавуваат. „Слободен печат“, сепак, дознава дека момчето имало хронични заболувања и оти, покрај коронавирусот, неофицијално боледувало и од церебрална парализа, иако таквата информација никој официјално не ја потврди, ниту, пак, дали смртта настапила во болнички или домашни услови.

Покрај 27 годишниот пациент од Демир Капија, во пописот на починати пациенти за изминатото деноноќие е запишан и 32-годишен маж од Скопје.

Вкупниот број на починати лица во последните 24 часа е 22, вирусот е детектиран кај 75 лица од направени 726 тестови, додека како оздравени се заведени 1.440 пациенти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот