Молк од Владата за руската шега на сметка на Заев

Влада зграда
Фото: Архива на „Слободен печат“

Од Владата се уште нема никаква реакција, ниту објаснување во врска со телефонските разговори што се објавија првично во Русија, а потоа и кај нас, во кои како што се тврди, премиерот Зоран Заев наседнал на шега на руските пранкери Вован (Владимир Кузенцов) и Лексус (Алексеј Столаров).

– Се проверуваат информациите, сега не може уште ништо да се каже – велат од пи-ар службата на Владата.

Владата треба да објасни дали овој разговор е автентичен, односно дали навистина се случил и ако се случил, како пранкерите стапиле во контакт со премиерот.

Руските пранкери објавија видео во кое од името на поранешниот украински претседател, Петро Порошенко, разговараат со македонскиот премиер, Зоран Заев.

Во разговорот, комичарите зборуваат дека украинските научници ја откриле генетската врска на Порошенко со Александар Македонски, па така, му вели лажниот Прошенко на Заев, „сега можам да се викам Петро Македонски“. Комичарите од името на Порошенко на Заев му нудат помош украинскиот претседател да посредува за МПЦ кај вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Заев со комичарите разговара за надворешната политика – преспанскиот договор, односите Србија-Косово, Украина, односите со Русија, ЕУ и НАТО.

Во еден разговор тие го вклучуваат и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот