Молк од Тирана и Софија за иницијативата на Бујар Османи

Фото: mia.mk

Се уште нема одговор од Тирана или од Софија на предлогот на министерот за надворешни работи Бујар Османи, за политичко и економско продлабочување со Албанија и Бугарија преку т.н. „Иницијатива 8“. Според предлогот на МНР главната цел беше интензивирање на инвестициските проекти долж Коридор 8, односно од Црно до Јадранско море.

-По првичното запознавање на министрите за надворешни работи на Албанија и Бугарија со концептот на предложената трилатерална Иницијатива 8, министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, во периодот што претстои, ќе оствари средби со соодветните хомолози од двете земји, на кои една од главните теми ќе бидат и потенцијалите на Иницијативата. За таа цел, Османи ќе престојува во официјална посета на Тирана, каде ќе оствари средби со државниот врв на Република Албанија, информираат за „Слободен печат“ од Владата.

Османи претходно потенцира дека оваа иницијатива воопшто не е поврзана со разговорите за надминување на спорните прашања со Бугарија и откочување на евроинтегративниот процес за земјава. Дел од дипломатите, пак, оценија дека оваа иницијатива ќе претставува позитивен исчекор во понатамошниот тек на дипломатските активности за отпочнување на преговорите со Европската унија, бидејќи е добро што еден ваков предлог овојпат доаѓа од страна на Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот