Моли Шенон: „Зад насмевката ја криев најголемата животна болка“

фото: Инстаграм

Американската актерка и комичарка Моли Шенон, која има успешна холивудска кариера, деновиве е главна тема во светските медиуми откако реши да ја отвори душата и да прозбори за најтешките мигови во животот.

Педесет и шестгодишната Моли ги изгубила мајка ѝ, помалата сестра и братучетка во сообраќајна незгода, кога имала четири години. За несреќата бил виновен татко ѝ, кој возел под дејство на алкохол, а преживеал со тешки повреди. Актерката никогаш претходно не зборувала за трагичниот настан, а сега во интервју за „Лос Анџелес тајмс“ призна дека тоа многу влијаело на нејзиниот живот и засекогаш ја сменило.

– Срцето ми беше скршено и бев многу тажна, како дете се обидов сето тоа да го задржам некако во себе. Но, нема шанси да ја доживеете таа длабока болка поради смртта на мајката и сестрата и да го задржите сето тоа во себе. Тоа ме следеше цел живот- откри Моли.

Актерката се прослави со мали улоги во сериите „Во живи бои“ и „Твин Пикс“, а потоа во 1995 година ѝ се придружи на екипата од шоуто „Во живо во сабота навечер“. Истата година го создаде омилениот лик Мери кој го играше и неколку години подоцна во филмот „Супер ѕвезда“. Освен филмските улоги напоредно настапуваше и во серии меѓу кои и „Развод“ каде игра најдобра пријателка на ликот кој го толкува Сара Џесика Паркер.

За семејната трагедија Шенон пишува во своите мемоари „Здраво Моли!“ кои наскоро ќе ги објави.

– Имав чувство дека срцето го ставам на маса, но се надевам дека мојата приказна ќе им помогне на другите – додава актерката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Molly Shannon (@theofficialsuperstar)

По смртта на мајката, таа живеела со тетка ѝ, но никогаш немала чувство дека е опкружена со вистинско семејство.

– Цел живот имам чувство дека нешто ми недостига. Таа празнина во мојата душа никој никогаш не успеа да ја надополни.

Моли со години се борела со депресија, а како што признава самата никогаш не успеала целосно да се излечи. Иако често била целосно скршена, нејзината публика тоа никогаш не можела ни да го забележи. Стравот и тагата секогаш ги криела зад насмевката. Повремено проблемите ги решавала со големи количини алкохол, но денес не ни помислува на такво нешто.

Во 2003 година, по години исполнети со тага, актерката доби причина за радост. На свет дојде нејзиното прво дете, ќерката Стела, а една година подоцна и синот Нолан.

– Тие се извор на мојата радост. Вистина е дека по дожд секогаш доаѓа сонце. Поради сите тешки мигови, верувам дека сум добра мајка – вели Моли која е во среќен брак со уметникот Фриџ Чеснат, кој е помлад од неа 10 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Molly Shannon (@theofficialsuperstar)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот