Моли Фицџералд од „Капетан Америка“ ја уби мајка си!

Instagram

Актерката од хит-филмот безмилосно ја избодела мајка си.

Американската актерка Моли Фицџералд (38) била уапсена вчера вечер кога полицијата открила дека таа ја убила својата мајка.

Актерката која е дел од хитот „Капетан Америка“ ја избодела мајка си со нож на 20 декември во Канзас Сити и била обвинета за убиство, а е задржана и во притвор.

https://www.instagram.com/p/B6zcSAHpRX0/

Нејзината мајка ќе биде погребана утре, а сите ја опишуваат како мила личност која била подготвена да помогне секому, пренесуваат странските медиуми.

„Обожаваше спорт, беше тениски фанатик, но и страстен навивач на НБА-клубот Хјустон рокетс“, сведочат луѓе кои ја познавале жената.

Мотивот за убиство е се уште непознат и во тек е истрага.

На интернационалниот сајт за филмски податоци „ИМДБ“ се наведува дека Фицџералд била актерка, директорка и продуцентка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот