Молдавки нелегално работеле во Тетово

На подрачјето на Тетово вчера е извршена акциска контрола во угостителски објекти извести полицијата.

Од таму информираа дека во еден угостителски објект е приведено лице за утврдување на идентитет, а при контрола во угостителскиот објект лоциран на улица „Илинденска“, сопственост на лицето Ф.Б. (41) од село Добридол, приведен е сопственикот поради сомнение за нелегално вработување на странски државјани или злоупотреба на туристички престој.

Поради пречекорување на туристички престој приведени се странските државјанки А.Д. (42) и В.Д. (17) и двете од Молдавија, кои се задржани за понатамошна постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот