Молдавија: За две недели заразени 187 ученици, 10 училишта во карантин

epa07812665 A boy and two girls holding hands during the opening ceremony of scholar year at theoretic lyceum 'Principesa Natalia Dadiani' in Chisinau, Moldova, 02 September 2019. The school year traditionally starts on 01 September in the countries of the former Soviet Union. EPA-EFE/DUMITRU DORU

Во Молдавија, од 1 до 14 септември, коронавирусот бил дијагностициран кај 187 ученици и две деца од предучилишна возраст. Ова го соопшти министерот за образование Игор Шаров на брифинг.

Според него, во моментов 10 училишта во Молдавија се затворени поради карантин.

Покрај тоа, 171 клас се префрлиле на учење на далечина, поради инфекција со коронавирус на ученици и наставници.

Шаров рече дека од 1 до 14 септември Ковид-19 е дијагностициран кај 187 ученици, 173 наставници и 40 вработени како персонал во училиштата.

– Од секој од нас зависи како ситуацијата ќе се развива понатаму. Според прелиминарните податоци, почетокот на образовниот процес во училиштата не доведе до нагло зголемување на бројот на случаи, рече Шаров.

Што се однесува до предучилишните установи, од 1.398 градинки во Молдавија работат 738. Две се затворени поради карантин.

Според Шаров, кај две деца е дијагностициран коронавирус, а други 113 се во самоизолација. Покрај тоа, 47 наставници и 26 помошен персонал биле заразени со вирусот. Во Молдавија, учебната година почна на 1 септември. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот