МОЛДАВИЈА СО НЕОБИЧНИ КАЗНИ: Пијаните возачи ќе мораат да одработат 12 дена во болница или мртовечница

Фото: Профимедиа

Според последните податоци на Светската здравствена организација, во Молдавија луѓето над 15-годишна возраст пијат во просек 15,2 литра чист алкохол по глава на жител секоја година. Тоа е еднакво на околу 167 шишиња вино.

Секоја четврта смрт во оваа земја е поврзана со алкохол, додека светскиот просек во таа смисла е една од дваесет.

Молдавците живеат во просек 68, а Молдавките 75 години. Европскиот просек е 79 и 84 години, соодветно.

За молдавските власти, проблем се и пијаните возачи. Поради тоа, воведена е и нова мерка. Пијан возач фатен зад воланот, за да не остане без возачка дозвола, ќе мора да одработи 12 дена во болница и во мртовечница. Програмата трае три месеци и казнетите помагаат во третманот на повредени и жртви од сообраќајни несреќи.

– Сè тоа има одличен психолошки ефект врз личноста. Самата мртовечница е многу одбивна со сè што ги чека учесниците таму, изјави Валери Савчиук, директорка на Центарот за судска медицина.

Шестмина мажи веќе минале низ тој казнен режим.

– Ова искуство ме натера никогаш повеќе да не седнам пијан на воланот. Ова беше добра лекција. Мислам дека смрдеата на човечкото тело што се распаѓа ќе ми остане во ноздрите засекогаш, рече потоа еден од учесниците во програмата.

Според ова, познавачите сметаат дека засега резултатите се задоволителни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот