Моќта на овој навидум скромен корен наречен ѓумбир

unsplash

Повеќето од нас кои пробале знаат дека свежиот ѓумбир може да реши многу дигестивни проблеми, а воедно одвреме навреме можете да си приготвите и чај од ѓумбир кога сте болни.

Овој навидум скромен корен нуди многу повеќе отколку само намалување на надуеноста и проблемите со желудник. Всушност, ѓумбирот не само што може да му помогне на вашето тело да се бори против микробите како ешерихија коли и шигела, туку и ги минимизира штетните бактерии во устата, ја намалува болката во мускулите и симптомите на артритис, па дури може и да го забави растот на одредени видови на рак.

unsplash

Докажано е дека ѓумбирот помага и при намалување на шеќерот во крвта, помагајќи му на организмот поефикасно да користи инсулин.

Се разбира, најчестата хомеопатска употреба на ѓумбир е да се намали чувството на гадење, но она што можеби не сте го знаеле е дека студиите покажуваат дека ѓумбирот може да биде дури и доволно потентен за да ја ублажи утринската мачнина и гадење предизвикано од хемотерапија.

Причината за тоа што е толку ефикасен може да има некаква поврзаност со намалување на гасовите во цревата, им помага на природните дигестивни ензими во телото и го зголемува движењето низ дигестивниот тракт, ослеснува и спречува проблеми на запек.

unsplash

Ако секој месец се справувате со непријатни грчеви предизвикани од менструалниот циклус, ѓумбирот може да ви помогне.

Според една студија од 2015 година, жените кои земале додаток на ѓумбир во прав од 1500мг три дена во текот на нивниот период, пријавиле помалку тешки грчеви и пократко времетрање на болката, во споредба со оние кои земале плацебо.

Покрај овие придобивки, редовната консумација на ѓумбир може да помогне и во намалување на вашиот „лош“ холестерол, па дури и да помогне при слабеење.

unsplash

Благодарение на високото ниво на антиоксиданти и антиинфламаторни својства во соединенијата наречени ѓумбироли – кои на ѓумбирот му го даваат заштитниот знак на интензивен вкус и мирис.

Високите нивоа на антиоксиданси функционираат во заштита на ДНК од присуство на слободни радикали и оксидативен стрес, што исто така помага да се спречат хронични заболувања, вклучително висок крвен притисок или срцеви заболувања, дозволувајќи му на телото здраво да се справува со чинот на стареење.

Значи, без разлика дали ќе си сварите чај од свеж ѓумбир или ќе додадете малку рендан ѓумбир во храната или едноставно во комбинација со мед, никако нема да погрешите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот