Mоќни намирници од кујната кои го забавуваат стареењето на кожата

кожа
Фото: Unsplash

Одредена храна е богата со витамини, минерали, антиоксиданти, аминокиселини, ензими и други хранливи материи кои се клучни за добро здравје.

Брокула

Оваа многу здрава храна е една од најбогатите намирници во светот, барем кога станува збор за хранливите материи. Брокулата содржи протеини, калциум, кои се клучни за градење на коски, влакна, витамини А, Ц и К, фитоестрогени и соединенија кои го поправаат оштетувањето на мускулните ткива и органи предизвикани од стареење.

Боровинки

Овие мали бобинки се вистинска бомба на антиоксиданти кои можат да ги забават ефектите од стареењето. Тие се исто така богати со состојки кои можат да ги ублажат воспалителните процеси.

Лосос

Лососот е еден од најбогатите извори на омега-3 масни киселини, кои помагаат во намалување на холестеролот, спречуваат лепење на тромбоцитите во артериите, ги намалуваат воспалителните процеси, го намалуваат ризикот од мозочен удар и спречуваат срцев удар. Лососот е исто така богат со протеини, добар извор на железо е и не содржи големи количини на жива.

Бадеми

Докажано е дека бадемите, оревите и ф’стаците го намалуваат нивото на лош холестерол. Исто како брокулата, тие се богати со еден вид антиоксиданс за кој се верува дека игра клучна улога во борбата против слободните радикали. Тие се исто така богати со растителни влакна, фитохемикалии (кои можат да ве заштитат од рак) и аргинин, за кој се смета дека е претходник на човечкиот хормон за раст.

Спанаќ

Тој е одличен извор на состојки кои го зајакнуваат вашиот имунолошки систем и се борат против ракот и слободните радикали.

Компир

Содржи огромна количина на витамин А (што е многу погоден за вашата кожа и очи), моќни антиоксиданти и калиум, кој помага да се уништат штетните ефекти на натриумот врз вашиот крвен притисок и коските. Со други зборови, компирот е вистинска хранлива бомба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот