Моќни лекови против ковид: Србија воведува два нови кои може да ја спречат инфекцијата во почетна фаза

Во сите клинички, клиничко – болнички центри и општите болници во Србија достапни се два најнови лекови „бамланивимаб“ и „регенерон“ од групата неутрализирачки моноклонски антитела за лекување на лекување на ковид-19, соопшти денеска Републичкиот фонд за здравствено осигурување (РФЗО).
Како што натаму се наведува во соопштението, споменатите лекови се применуваат во првите десет дена од појавата на симптомите и претставуваат уште една шанса инфекцијата да се запре во рана фаза од болеста.
Видео на денот