Моќен, прогресивен и разноврстен – Потполно новиот Kia Sorento

Денес, за прв пат беше презентиран потполно ноивиот Kia Sorento. Моќна, прогресивна и разноврсна, четвртата генерација на најголемиот SUV на Kia е дизајнирана да одговори на сите предизвици.

Со овој модел, компанијата ја крева границата на стандардите во ефикасност и квалитет во средната класа на SUV модели, каде се позиционирани Stelos, Sportage и Telluride.

Од наведените, Sorento е првиот модел кој е базиран на новата SUV платформа на Kia. Истата, е спарена со големата кабина со цел да се добие поголема пространост и багажен простор. Исто така оваа платформа осигурува дека Sorento е еден од најразноврсните и најголемите модели со три реда на седишта. Покрај тоа, новитетот на Kia има многу да понуди и во однос на внатрешните елементи. Најголемата иновација е тоа дека во него се сместуваат и новите електрични погони на „Smartstream“ – односно во четвртата генерација за прв пат се појавува хибридна верзија, која нуди поголема ефикасност на горивото, пониски емисии и повисоки перформанси од неговите претходници.

Ова ќе биде најопремениот автомобил на Kia досега, благодарение на својата прогресивна поврзаност, асистенција на возачот и инфозабавни технологии. Неговите дигитални дисплеи кои се лесни за корисниците овозможуваат напредна графика, нови функции и поврзување со паметни телефони.

 

ГАЛЕРИЈА:

Посигурен, позрел и повеќе посакуван

Предниот дел на Sorento го развива новото толкување на препознатливата „тигрова“ маската на Kia, прикажувајќи поширок облик кој се обвиткува околу интегрираните светла од секоја страна. Самите светла се карактеризираат со ново дневно LED осветлување, додавајќи дополнителен фокус на дизајнот. Овој поостар, поизразен изглед е надополнет со широк отвор за проток на воздухот. Во профил, пропорциите на Sorento се суптилно прилагодени за да изгледа подолго. Новиот модел е 10 mm подолг од неговиот претходник (сега 4.810 mm), но сепак има пократки предни и задни делови. Дополнителната должина се наоѓа во меѓуоскиното растојание (резултат на новата платформа), која порасна за 35 mm или вкупно 2.815 mm. Ова суптилно го прилагодува визуелниот карактер на Sorento, правејќи го да изгледа „побрзо“, и покрај тоа што е повисок за 10 mm. Инспириран од Telluride, Sorento ги усвојува новите вертикално поставени светла на задниот дел, кои се завиткани по страната на телото. Интересен момент е и долниот дел на задницата каде се издвојуваат двојните издувни цевки и заштитната плоча со што се добива естетика на голем SUV. Четвртата генерација на моделот следи други неодамнешни модели на Kia, како што се Telluride и ProCeed, со името на моделот Sorento прикажано централно преку задната врата. Суптилниот интегриран спојлер го прикрива и задниот бришач, што резултира во помалку натрупан дизајн и го подобрува погледот на возачот од задниот дел.

Прочитајте и...  Пронајдете партнер во еден од овие 3 хороскопски знаци: Секогаш ќе биде тука за вас!

Атрактивна, зголемена кабина со врвни материјали и прогресивна технологија

Ентериерот на четвртата генерација на Sorento претставува чекор понапред во квалитетот и дизајнот за кабините на Kia. Од првата генерација Kia Sorento во 2002 година, која на патниците им обезбеди практичен и стабилен простор, Sorento денес им овозможува на сопствениците нешто впечатливо, посакувано и поудобно. Една од најквалитетните внатрешности што се наоѓаат во која било Kia до денес – интуитивната, технолошко-ориентирана кабина на Sorento е опремена со материјали со врвен квалитет и врвен инфо-забавен систем. Во исто време, ја задржува просторноста и разноврсноста што го карактеризираше Sorento во текот на своето 18-годишно постоење. Атрактивната кабина го воведува софистицираниот дизајн од следната генерација, заснован на нови дигитални дисплеи во контролната табла. Оваа табла, со дисплеј од 12,3 инчи е спарена со инфо-забавниот систем и навигација кој пак е централно поставен и се прикажува на 10,25 инчи. Овие информации се прикажуваат јасно во рамките на видот на возачот и создаваат иновативно корисничко искуство. Многуте функции на автомобилот можат да се контролираат и со нови копчиња од двете страни на екранот, кои исто така се карактеризираат понатаму во таблата за системот за контрола на климата. Кабината на Sorento суптилно интегрира голем број други технологии, вклучително и достапен систем за амбиентално осветлување, безжичен полнач за паметни телефони, моќен систем на BOSE® и уште многу други ставки.

Sorento е електрифициран за прв пат со ефикасни нови хибридни погони

Најновиот теренец на Kia ќе биде достапен со хибридни погони – први за Sorento – а купувачите ќе можат да изберат помеѓу класичен хибрид, како и plug-in верзии. Погонот на хибридниот Sorento се напојува со нов „Smartstream“ погон, кој комбинира 1.6 литарски T-GDi мотор со  полимерна батерија од 1.49kWh и електричен мотор со 44.2kW. Интелигентното пакување на новата платформа на Sorento значи дека батериите се наоѓаат под подот, со минимално влијание врз просторот за кабината или багажот. Со електричен вртежен момент од 350Nm и 230 коњски сили, овој електрифициран погон комбинира ниски емисии на CO2. Новиот 1.6 литарски T-GDi мотор ја одликува новата технологија на Kia, постојано променлива варијабилна технологија, регулирајќи го времето на отворање на вентилот според условите на возењето. Ова ја зголемува ефикасноста на моторот и ја подобрува ефикасноста на горивото. Енергијата се испраќа преку шестстепен автоматски менувач и преку електричен уред овозможувајќи целосна моќност да се пренесе паралелно со минимална загуба на енергија.

Прочитајте и...  „Да видите што ѝ прави ковид-19 на вашата коса“: Алисија Милано ги покажа последиците од короната

За теренецот има и нов четирицилиндричен дизел мотор кој произведува 202 коњски сили и 440 Nm вртежен момент. Со нов алуминиумски блок, новиот мотор е полесен за 38,2 kg во однос на оној што се наоѓа во третата генерација Sorento. Понатаму, овој агрегат може да се поврзе со новата осумстепена трансмисија со двојна спојка (8DCT). Создаден за да понуди понежни карактеристики на менување степени, 8DCT ја подобрува ефикасноста на горивото.

Напредни системи за помош на возачот со нови паметни асистенции за паркирање

Sorento нуди повисоко ниво на активна и пасивна безбедност отколку многу од неговите ривали благодарение на подобрениот опсег на системи за помош на возачот. Напредните системи за помош на возачот на Kia помагаат да се намалат многу од својствените опасности и стресови од возењето, да се заштитат патниците и другите корисници на патиштата при секое патување. Во зависност од спецификацијата, новиот Sorento има најнова технологија (FCA – Forward Collision-Avoidance Assist) за избегнување судир која побрзо ги открива пешаците, велосипедистите и возилата. Овој систем сега има можност за детектирање сообраќај при вртење на раскрсницата. Sorento е исто така достапен со систем за прегледување на слепи точки (BVM – Blind-Spot View Monitor), систем за преглед на возилто во 360 степени (SVM – Surround View Monitor) и асистенција за избегнување на судирите од слепите места (BCA – Blind-Spot Collision-Avoidance Assist), интелигентната помош за ограничување на брзината (ISLA – Intelligent Speed Limit Assist), паметен темпомат (SCC – Smart Cruise Control) со Start&Stop кој ја следи и навигацијата, систем за задржување во лента (LFA – Lane Following Assist), предупредување за вниманието на возачот (DAW – Driver Attention Warning) и асистенција за возење автопати (HDA – Highway Driving Assist). Автономната технологија за возење од второ ниво ​​на Kia, контролира забрзување, сопирање и управување во зависност од предните возила. Системот за задржување во лента работи помеѓу брзина од 0 и 180 km/h, користејќи сензори од камера и радари за да одржува безбедно растојание од автомобилот пред себе, додека ги следи ознаките на патот за да го задржи Sorento во центарот на својата лента. Ова е и прва Kia достапна во Европа со новата Remote Smart Parking Assist (RSPA) на компанијата, која им овозможува на возачите автономно да го движат автомобилот надвор од предниот и задниот простор за паркирање оддалечени преку нивниот клуч. Ова е дизајнирано за да им овозможи полесно на патниците да влезат и излегуваат од автомобилот во тесни места за паркирање, или ако друг возач паркира премногу близу. RSPA го сопира Sorento автоматски ако открие друг автомобил, велосипедист или пешак зад возилото. Safe Exit Assist исто така спречува да се отворат задните врати ако возилото открие опасност одблизу, како што е велосипедист или друго возило.

Прочитајте и...  Една од најубавите жени во светот во шестата деценија позираше прекриена само со пешкир: Ниту фризура, ниту грам шминка а изгледа како авион (ФОТО)

Произведен во Кореја

Како и неговиот претходник, Sorento ќе се произведува за Европа и многу други пазари во фабриката на Kia во Хвасунг во Кореја. Автомобилот ќе биде достапен и за Северна Америка во фабриката на Kia во Вест Поинт, Џорџија, САД.

Европската продажба се очекува да започне во третиот квартал на 2020 година. Автомобилот ќе биде достапен за нарачка на повеќето светски пазари до крајот на годината.

 

Комерцијален текст

Прочитај повеќе

Хороскоп за 11 август: Очекувајте нагло зголемување на вашата популарност

Слободен печат

Како изгледа Хали Бери на плажа на 53 години? 300.000 лајкови доволно говорат за тоа! (ФОТО)

Слободен печат

Пронајдете партнер во еден од овие 3 хороскопски знаци: Секогаш ќе биде тука за вас!

Слободен печат

Упадна на венчавката и му довикуваше на младоженецот: „Носам твое дете“ (ВИДЕО)

Слободен печат

Венчавка како од бајките: Во Ровињ се ожени актерот Жарко Димоски! (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Необјавениот албум на Дејвид Боуви наскоро пред слушателите

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Кај нас го правеа хомосексуалец, а само да ја видите неговата сопруга: Се сеќавате на Сакис Рувас!(ФОТО)

Васко Спасоски

Една од најубавите жени во светот во шестата деценија позираше прекриена само со пешкир: Ниту фризура, ниту грам шминка а изгледа како авион (ФОТО)

Слободен печат

Брена го жени најмладиот син: Виктор ги кажа сите детали за свадбата и неговата избраничка Сандра! (ФОТО)

Васко Спасоски

Антонио Бандерас позитивен на коронавирус: Се чувствувам малку поизморено од вообичаено

Слободен печат

Јелена Ѓоковиќ не може да закрепне од короната: Ноле е загрижен за здравјето на сопругата! (ФОТО)

Васко Спасоски

Практично, а совршено чисти: Направете ваша „тоалет бомба” од состојки кои СИГУРНО ги имате во кујната! (ВИДЕО)

Слободен печат