Моќен природен лек – 5 нешта кои босилекот ги лекува како од шала

Босилекот веќе со векови се користи во борбата против здравствените проблеми. Ви претставуваме 5 начини како можете да го употребите босилекот како лек:

– Истолчете шест до седум листови од босилек па помешајте ги со една лажица мед. Една лажица од добиената смеса внесена пред појадокот го зголемува имунитетот и ја намалува хипертензијата.

– Сварете една шака листови од босилек во еден литар вода. Процедете ја водата и пијте ја топла на секој половина час. Вашето грло ќе почувствува олеснување, а желудникот ќе ви се смири.

– Претходниот совет може да се употреби на уште еден начин, ако имате воспаление на кожата или неподносливо чешање, со цел да почувствувате моментално олеснување, натопете памук во оваа вода и нежно тапкајте го болното место.

– Слатко и прекрасно, етеричното масло од босилек помага при олеснување на воспалителни состојби, како што е болката во зглобовите или киселините. Познато е и по тоа што го изострува умот и го зајакнува нервниот систем.

– Нанесете неколку капки етерично масло од босилек на врвот на носот и слепоочниците па многу брзо ќе се ослободите од стресот и напнатоста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот