Моќен говор на Ибрахимовиќ на Санремо

Ибрахимовиќ вчера го прослави 40. роденден/ фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Златан Ибрахимовиќ беше специјален гостин на музичкиот фестивал „Сан Ремо, а синоќа одржа говор во кој објасни зошто дошол на место кое нема никаква врска со фудбалот.

Ибрахимовиќ беше во улога на ководител на фестивалот, а неговата одлука среде сезона во Серија А да се појави на Санремо би ги налути фановите на Милан. Тој на затворањето на фестивалот одржа моќен говор кој денеска е главна вест во италијанските медиуми.

„Сите пред фестивалот знаеја кој е Златан. Се прашувате зошто Златан дојде тука? Затоа што сака предизвици и адреналин. Ако не си поставувате предизвици во животот, никогаш и не може да победите. Во кариерата не сум победил на сите натпревари на кои сум посакувал. Да, сум освоил 11 титули, но некои и загубив. Но, јас сум Златан и кога не победувам на секој натпревар. Затоа што пред се сме луѓе. Неуспехот не е спротивност на успехот. Тој е дел од успехот. Да не се прави ништо е најголемиот неуспех. Да се работи и греши, не е воопшто страшно. Ако Златан може да згреши, тогаш можете и вие. Најважно е секој ден да се подобрувате. Трудот, посветеноста и концентрацијата се клучни. Јас на овој фестивал сум тука за да ви кажам дека на некој свој начин и вие можете да бидете Златан. Посебна благодарност до Италија, мојот втор дом без кој Златан немаше да биде Златан“, рече Ибрахимовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот