Мојсовска златна на светскиот карате куп

Каратистката на Скопски Макпетрол Анѓела Мојсовска, успеа да го освои златниот медал на карате купот кој во Умаг, Хрватска е во организација на Светската карате федерација и учествуваат каратисти од 73 држави од целиот свет. Мојсовска беше најдобра во највозрасната младинска категорија на постари јуниори (У21), во тежинската категорија до 68 килограми.

Во првото коло, Анѓела Мојсовска беше слободна, во второто коло ја победи каратистката од од Швајцарија со 4-1, во третото коло беше подобра од БиХ и победи со 5-1, во четвртото коло уште една победа против шампионката на Хрватска која е и носител на европски медал со резултат 3-1, и во финалето победи со резултат од 4-1.
Анѓела Мојсовска е спортистка од меѓународна категорија и е стипендистка на АМС.

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот