Мојсов во тимот на деценијата на Војводина

фото: fkvojvodina.rs

Македонскиот фудбалски интернационалец Даниел Мојсов е избран во тимот на деценијата на Војводина. Навивачите на српскиот тим во текот на минатата недела преку социјалните мрежи и на официјалниот мејл на клубот имаа можност да гласаат за најдобрите фудбалери, тренери и моменти кои ја одбележаа изминатата деценија.

Навивачите не ги заборавија игрите на Даниел Мојсов кој дресот на Војводина го носеше од 2010 до 2012 година и на 55. натпревари постигна четири гола.

Најзвучни имиња во тимот на деценијата се тие на српските репрезентативци, Сергеј Милинковиќ-Савиќ кој игра за Лацио и фудбалерот на Ајакс, Душан Тадиќ.

За најдобар играч на Војводина во изминатата декада е избран Абубакар Оумару. Во изборот за најдобар тренер најмногу гласови доби Ненад Лалатовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот