Мојсоска: Нападот врз митот за Гоце Делчев е напад врз македонската нација

Фото: Канал 5/принтскрин

Секоја нација има право да го гради сопствениот мит, а нападот врз македонскиот историски мит, вклучително и митот за Гоце Делчев е директен напад брз македонската нација, рече Јована Мојсоска од Левица во вечерашното издание на емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

„Преговарањето за Гоце Делчев е фатално. Како што секоја нација почива на митови, така и македонската нација почива врз митот за Гоце Делчев. Секој атак врз митот за Гоце Делчев претставува атак врз македонската нација,“

рече Мојсоска.

Според неа, ЕУ не може да се оградува дека спорот меѓу Скопје и Софија е билатерален.

„Ние што можеме да побараме: Бугарија да го признае македонското малцинство, да ги спроведе сите тие пресуди од Судот за човекови права и да покаже дека има европски и демократски капацитет. Во спротивно ЕУ не може да се дистанцира и да каже дека ова е билатерален спор. Тоа е апсолутно невистинито, бидејќи ние сме уценети со вето за влез во ЕУ.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот