Мојот омилен лек по натпреварите беше марихуаната

twitter/calvinhohnson

Поранешните НФЛ ѕвезди, Калвин Џонсон и Перси Харвин открија дека често конзумираа канабис додека беа активни играчи. Поголем дел од спортистите спасот и намалувањето на разните болки од повредите или психичките проблеми, го гледаат токму во канабисот кој во поголем дел од државите во САД но и низ целиот свет е легален, но во други земји сè уште е забранет.

Еден од најдобрите рисивери во последната деценија, Калвин „Мегатрон“ Џонсон призна дека канабисот му беше „омилен“ избор за борбата против болките по натпреварите.

– Во соблекувалната можевте да добиете што ќе посакате, Викодин, Оксикодин, Перкосет и слични аналгетици. Сето тоа ни беше на располагање, но не ми се допаѓаше чувството по конзумирањето на тие лекови. Мојот омилен лек беше канабисот – призна Џонсон.

„Мегатрон“ Џонсон не е единствен НФЛ играч кој ја избираше марихуаната како алетрнатива за намалување на болките, Перси Харвин, членот на шампионската генерација на Сиетл сихокс од 2014 година, токму со марахуаната ја лечеше анксиозноста.

– Тоа беше најлошиот период во мојот живот. Единствено можев да смирам доколку пушев марихуана, и тоа го правев пред секој натпревар – изјави Харвин.

Џонсон за време на осумгодишната кариера во Детроит лајонс имаше 11.619 освоени јарди и фати 83 додавања за тачдаун, додека Харвин има фатено 353 додавања за 4.026 јарди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот