МојДДВ: Во вториот квартал ќе бидат вратени 5 милиони евра

Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Вкупниот поврат кај граѓаните за периодот од 1 јули 2019 до 14 ноември 2019 година изнесува 5 милиони евра, пари кои ќе бидат исплатени на трансакциските сметки кај граѓаните, стои на Фејсбук страницата на „МојДДВ“.

За споменатиот се скенирани 12,935,870 сметки, додека за истите е остварен промет од 6,221,525,720 денари.

Повратот од првиот квартал на „МојДДВ“ за месеците (јули, август и септември) ќе биде исплатен до крајот на декември 2019.

Според „УЈП“ за месеците (октомври, ноември, декември) исплатата ќе се изврши во февруари 2020, додека следната исплата ќе биде во мај 2020 за месеците ( јануари, февруари, март), а за месеците (април, мај, јуни) исплатата ќе се случи во август 2020, во ноември 2020 година ќе следи исплата за месеците (август, септември и октомври).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот