Мојата пријателка со ова ги залева собните билки: Цвета и она цвеќе за кое не ни знаев дека има цвет! (РЕЦЕПТ)

профимедиа

„Ја посетив мојата пријателка овие денови. Есента пристигна, па се „сместивме“ во домот. Кај неа на прозорот забележав милион цветови во саксиите. Цвета и она цвеќе за кое не ни знаев дека има цвет“.

„Кога ја запрашав за трикот, таа ми одговори: „Еве во што е трикот! Градинарите секогаш го прихрануваат цвеќето во периодот кога се создаваат пупките. Но, го прихрануваат со рицинусово масло, поради што неговите цветови се бујни и траат подолго. Бојата на цветот исто така станува поинтензивна“.

профимедиа

Во шише со еден литар вода на собна температура додадете 1 лажица рицинусово масло. Потоа е добро да се затвори и да се протресе. Рицинусовото масло треба да се раствори во мали честички и добро да се промеша со водата за да не ги уништи билките.

Веднаш по промешувањето треба да се залие цвеќето, внимавајќи маслото да не се одвои од водата.

профимедиа

Доколку билката цвета еднаш годишно, ќе ја залевате со оваа комбинација само еднаш годишно! Доколку билката цвета постојано, тогаш со овој раствор залевајте ја еднаш месечно.

Одличен трик домаќинки, применете го!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот