МОЈАТА ЧУДЕСНА ЗЕМЈА: Застана покрај автопат, го отвори ЃЕПЕКОТ и си го ФРЛИ ЃУБРЕТО без трошка срам (ВИДЕО)

Фото: Слободен печат

Деновиве на социјалната мрежа Фејсбук, се појави видео на кое се гледа како еден повозрасен маж, заедно со неговата сопруга, застануваат, го отвараат ѓепекот од автомобилот полн со пластични шишиња и ѓубре и сето тоа го фрлија покрај автопатот. Според објавата, станува збор за автопатот Велес-Градско.

На снимката се слуша машки глас како им вика „соберете си го ѓубрето, како не ви е срам“, но мажот ладнокрвно, влегува во автомобилот и си заминува.

https://www.facebook.com/100007637058054/videos/pcb.2300328016898411/2300327233565156/?type=3&theater

 

 

Ова предизвика бурни реакции на Фејсбук.

„Стока невоспитана“, „Со снимката во полиција“, „Најстроги казни па ќе видиме како ќе фрлаат“, се само дел од коменатрите под објавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот