
„Мојата Африка“ е вистинска љубовна приказна по која засекогаш ќе го паметиме Роберт Редфорд
Роберт Редфорд нè напушти на 89-годишна возраст, оставајќи зад себе наследство кое засекогаш ќе биде дел од филмската историја. Тој оствари голем број незаборавни улоги, но публиката особено ќе го памети по силната хемија што ја сподели на екранот со Мерил Стрип во култниот филм „Мојата Африка“.
Препорачано

Филмот што ги спои Мерил Стрип и Роберт Редфорд на екранот во 1985 година стана класика. Снимен е врз основа на животот на данската писателка Карен Бликсен (таа пишувала под псевдонимот Исак Динесен) и ги освои срцата на милиони гледачи. Тоа е приказна за храбра жена која се бори за своето место во машкото општество, но и за љубов која не можела да опстане.
View this post on Instagram
Карен не се чувствувала добро во данското општество на почетокот на векот, и во желба да се извлече од лоша љубовна врска, таа одлучува да се омажи за својот братучед баронот Брор фон Бликсен. Таа заминува со него во Кенија каде што имаат фарма. Набрзо дознава дека локалната аристократија е иста како онаа која штотуку ја напуштила. Но, и дека е тешко да се одгледува кафе на земјиштето што го поседуваат, и дека нејзиниот сопруг е повеќе заинтересиран за лов и други жени отколку за неа.
Мојата Африка
Како и многу други филмови, „Мојата Африка“ е инспирирана од книга или, поточно, од автобиографија. Во книгата „Карен Бликсен“ објавена во 1937 година, Карен ја опишува својата љубовна приказна со британскиот пилот Денис Финч Хатон, но и нејзината љубов кон Африка. По враќањето во Европа, писателката го објавува својот роман под псевдонимот Исак Динесен. Таа се вратила во Данска на 46-годишна возраст, никогаш повеќе не отишла во Африка и до крајот на животот била финансиски зависна од нејзиното семејство.
Мерил Стрип не била доволно секси за улогата
Улогата на Данкинката која се вљубува во Африка и во британскиот пилот не била веднаш наменета за големата актерка Мерил Стрип. Улогата првично била наменета за Грета Гарбо, а потоа и за Одри Хепберн. Во едно интервју од 1997 година, Мерил Стрип призна дека режисерот не сметал дека е доволно секси за улогата, без оглед на нејзиниот актерски талент.
„Не знаев дека е голем дел од улогата на Карен Бликсен, но тоа беше љубовна приказна. Отидов на аудиција и имав отворено деколте. Евтино, но успеав!“
View this post on Instagram
Филмот освои седум Оскари
Филмот излезе во 1985 година и стана класик што го одбележа тој период. Номиниран за 11 Оскари, филмот победи во седум категории, вклучувајќи најдобар филм, најдобар режисер, најдобра оригинална музика и најдобро адаптирано сценарио, како и најдобар дизајн и звук. Тој исто така освои три Златни глобуси и три награди БАФТА.
Лавови од Калифорнија
За што поголема автентичност, режисерот Сидни Полак одлучил да го снима филмот помеѓу Англија и Кенија. Поради ограничувањата наметнати од кениската влада, морале да донесат лавови од Калифорнија за да снимаат одредени сцени. Во Кенија имало строга забрана за употреба на диви животни за забава.
Мерил Стрип била нападната од лав на снимањето
Сидни Полак ја замолил актерката сама да ја одигра сцената со лавот бидејќи не верувал дека поинаку ќе изгледа убедливо. Бидејќи лавот на почетокот не бил многу активен, режисерот се обидел да го предизвика лавот. Штом заштитата била отстранета, животното подивело пред актерката која се обидела да го исплаши мавтајќи со камшик. Сцената била автентична, а Мерил Стрип излегла од неа длабоко трауматизирана.
View this post on Instagram
Љубовната сцена и стравот
Една од најубавите љубовни сцени во филмот, во која Роберт Редфорд ѝ ја мие косата на Мерил, била многу тешка за актерката. Мерил била многу нервозна за време на снимањето на сцената бидејќи се наоѓала во близина на областа каде што престојувале нилските коњи. Иако изгледаат „мрзеливи“, тие всушност се едни од најголемите животни во светот и можат да бидат многу опасни.

Неговата смрт и нејзиното заминување од Африка
Иако филмот покажува дека Денис починал само неколку дена пред Карен да ја напушти Кенија, вистинскиот датум на неговата смрт е 14 мај 1931 година. Карен Бликсен ја напуштила Африка неколку месеци подоцна, во август 1931 година, и починала во Данска на 7 септември 1962 година на 77-годишна возраст.