„Мој термин“ и се е можно: ПАЦИЕНТКА СО СТРАШНИ ВРТОГЛАВИЦА ќе чека снимање 2 недели, зошто била ВОЗРАСНА

Profimedia
Фото: Профимедиа

Читателка на „Слободен печат“ се соочила со непријатна ситуација кога поради силни и непријатни вртоглавици се обидела да закаже снимање на рентген.

– Затоа што се чувствувам многу лошо, матичната лекарка се обиде да ми најде термин за снимање што побрзо. Се појави еден слободен термин за истиот ден на Клиниката за радиологија, но кога се обиде да го закаже, системот не дозволи, со објаснување дека не е соодветна мојата возраст. Навистина се збунив, зар термин треба да се добие според возраст, а не според тоа колку ти е лоша здравствената состојба. Имам навистина страшни вртоглавици и ми треба дијазнога и терапија што побрзо – раскажува Весна В. Од Скопје.

Матичната лекарка и објаснила дека кога во „Мој термин“ ќе се појавува забелешката „несоодветна возраст“, тоа значи дека тие термини може да се резервираат само за деца.

Од „Мој термин“ пак објаснуваат дека одсекогаш во системот постоела можност самата болница, кога ги дава термините во кои може да се закажуваат прегледи и дијагностички процедури, да постави и ограничување на возраста.

– Тоа значи дека во одредени саати, два или три во денот, може да се ослободат термини само за деца до 14 години. Ако на пример кога станува збор за ретнген испедувања тогаш децата се ставаат во посебна група, бидејќи за нив треба и посебна подготовка за снимањето кое се прави и со анестезија. Затоа од организациски аспект им е оставено на болниците да може да поставуваат ограничување според возраста на пациентите – велат од „Мој термин“.

Но останува нејасно зошто се дозволува термините да пропаѓаат, а пациенти во тешка состојба да се оставаат да чекаат.

– Ако сабајлево немало закажано снимање на дете во 11.30 часот, веројатно нема ниту да се закаже, терминот ќе пропадне, а јас со тешка вртоглавица која буквално ме бутка од нозе мора да чекам уште две недели за снимање – потенцира пациентката.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот