Могерини: Европските лидери да ја донесат вистинската одлука за преговори со Скопје и Тирана

За да се зајакне постигнатиот напред на Балканот, сега е моментот да отвориме пристапни преговори со Македонија и Албанија. Се надевам дека нашите лидери во следните денови ќе ја донесат вистинската одлука, изјави денеска високата претставничка за безбедност и надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини.

Во говорот за „Улогата на ЕУ како глобален играч” на Универзитетот Оксфорд, меѓу другото, Могерини потенцираше дека Унијата мора да се стабилизира и да го обедини сопствениот континент со внесувањето на Западен Балкан во ЕУ.

– За да ги направиме војните невозможни на нашиот континент, потребно е да се обедини Европа со воведување на Балканот во ЕУ – истакна Могерини.

– Во последните години направивме значајни чекори, почнувајќи од договорот меѓу Грција и Северна Македонија, а важен напредок, и покрај тешкотиите, постигнат е и во дијалогот меѓу Белград и Приштина –  истакна Могерини.

Таа оцени дека сите шест партнери во регионот спровеле клучни реформи и оти лидерите и народите од Западен Балкан станале свесни за важноста од меѓусебната соработка.

– Ова е истиот основен принцип, од каде почнааа првите чекори кон создавање Европска унија, по Втората светска војна. Престанавме да се бориме едни со други во моментот кога сфативме дека деловната соработка е многу подобра отколку меѓусебни судири – појасни шефицата на дипломатијата на ЕУ Федерика Могерини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот