Могерини: Договорите со соседите ги препознаваме и вреднуваме

Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини по презентација на извештајот на Европската Комисија за напредокот на земјите од Западен Балкан, изјави дека Европската Унија има многу инвестирано во Западен Балкан, а Северна Македонија и Албанија испорачале.

– Преспанскиот договор е импресивен, исто така и договорот со Бугарија. Тоа е нешто што ние го вреднуваме и препознаваме – изјави Могерини.

Таа додаде дека ЕУ ќе продолжи да ги поддржува земјите од Западен Балкан и дека сега топката е во комитетот на Советот на Европа која треба да даде зелено светло за почеток на преговорите со Албанија и Македонија.

На истата прес конференција, еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан рече дека Македонија е единствена земја во регионот кој што нема никакво отворено прашање со соседите.

Дополнително, Хан предупреди за економските активности на кинеските компании во регионот на Западен Балкан и побара од земјите да го почитуваат правото на фер конкуренција за сите компании. Кина е споменета и во извештајот на Европската Комисија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот