Модуларната болница во Тетово доби вода и струја

Фото Миа

 Денеска завршија сите работи за поставување и приклучување на електрична енергија и вода до модуларната болница во Тетово, по што од раководството на клиничка болница очекуваат и таму да бидат сместени на болничко лекување пациенти со дијагностициран ковид-19. Следува уште монтирање на системот за кислородна поддршка.

– Денеска ја завршуваме процедурата за приклучување на струја. Водата е веќе приклучена. Требаше да се отвори модуларната болница пред еден месец, но поради процедурални работи поради јавни набавки и проблемите со фирма изведувач закаснивме со пуштање во употреба. Бидејќи сега се пушта струјата, во наредните денови ќе се работи на поставување на системот за кислородна поддршка. Ако течат работите како што треба до крајот на идната недела ќе се пушти во употреба модуларната болница, изјави Артан Етеми, економски директор во Клиничка болница Тетово.

На двата ката од интерното одделение во моментот се хоспитализирани 38 пациенти со Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот