Модриќ одби да биде најплатениот фудбалер на светот по Роналдо и Мбапе

фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Арапскиот „Оказ Спорт“ ги објави деталите за понудата на Ал Наср за Лука Модриќ (37). Саудијците сакаа да го направат хрватскиот капитен трет најплатен фудбалер во светот. Со тој договор Модриќ ќе беше зад Кристијано Роналдо и Килијан Мбапе, но тој одби.

Ал Наср на Модриќ му понуди 40 милиони евра по сезона, а вкупно фудбалерот би заработил околу 100 милиони евра за време на двеиполгодишниот договор. Ал Наср имаше желба веднаш да го ангажира во зимскиот преоден рок, но Хрватот одлучи да остане во Реал. Истиот извор пишува и дека првите луѓе на Ал Наср се возбудени од идејата во тимот да ги имаат Модриќ и Роналдо.

Да потсетиме, саудискиот прволигаш Ал Наср го доведе 37-годишниот Роналдо за највисока плата во историјата на фудбалот. Португалецот за две и пол години треба да заработи половина милијарда евра. Втор најплатен фудбалер во светот е Мбапе, кој во ПСЖ заработува околу 117 милиони евра годишно.

Саудијците не планираат да застанат на Роналдо, според шпанската „Марка“ последните недели пишуваше дека Ал Наср ги сака Модриќ и Серхио Рамос. Модриќ е договорно врзан за Реал Мадрид до крајот на актуелната сезона и прашање е што ќе се случи кога таа ќе заврши.

Новиот договор сè уште не е подготвен за него, пишува „Ас“, додавајќи дека во иста ситуација се и другите играчи на Реал и се договорно обврзани до летото 2023 година. „Ас“ претходно пишуваше дека Модриќ не мора да се грижи за нов договор, но дека минутажата сигурно ќе му биде намалена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот