Модриќ: На Мундијалот во Катар можеме да бидеме опасни

Лука Модриќ, хрватскиот фудбалски репрезентативец/фото: EPA-EFE/Andy Rain

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ изјави дека неговата репрезентација синоќа одигра добар натпревар против Австрија и дека „коцкестите“ можат да бидат многу опасни на Мундијалот во Катар.

Хрватска во последното коло од Лигата на нации ја совлада Австрија со 3:1 и за првпат се пласираше на завршниот турнир.

– Добро го отворивме натпреварот, но тие брзо се вратија и после тоа имаа две добри шанси. Во останатиот дел од натпреварот знаевме како да ја подобриме нашата игра. Постигнавме два убави гола и кога ќе го погледнете целиот натпревар, мислам дека на крајот заслужено победивме. Повредата на Брозовиќ ја поремети играта, тој многу ни значи, но Мајер добро го замени. Сите одигравме многу добро – рече Модриќ по натпреварот.

Хрватска на Мундијалот ќе игра во група со селекциите на Белгија, Мароко и Канада.

– Ова е голем успех, а овие последни натпревари секако можат да бидат поттик за нас понатаму и за претстојното Светско првенство. Не треба да се занесуваме со некакви изјави, не ни треба еуфорија, иако знам дека таа ќе се случи, но мора да продолжиме вака. Кога сме вистинскиот тим, а сме сега, можеме да бидеме опасни на Светското првенство – вели фудбалерот на Реал Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот