Модриќ нема да ја брани титулата, имаме 30 кандидати за „Златната топка“!

twitter.com/Footie_Matters

„Франс Фудбал“ ги објави 30 имиња кандидати за годинешната „Златна топка“, најпрестижната награда во светот на фудбалот.

Фаворите за освојување на ова признание се Виржил Ван Дајк, Лионел Меси и Кристијано Роналдо, а зачудувачки на оваа листа од 30 играчи не се наоѓа минатогодишниот освојувач Лука Модриќ.

Победникот ќе биде прогласен на 2. декември 2019 година на свечена церемонија во Париз.

Во продолжение погледнете ја целата листа на кандидати за освојување на „Златната топка“:

-Жоао Феликс, Еден Азар, Маркињос, Рахим Стерлинг, Мохамед Салах
-Лионел Меси, Ријад Марез, Кевин Де Брујн, Калиду Кулибали, Антоан Гризман
-Виржил Ван Дајк, Бернардо Силва, Хјунг-Мин Сон, Роберт Левандовски, Роберто Фирмино
-Матијс Де Лихт, Кристијано Роналдо, Алисон, Карим Бензема, Жоржињо Вијналдум
-Килијан Мбапе, Трент Александер-Арнолд, Дони Ван Де Беек, Пјер-Емерик Обамејанг, Марк-Андре Тер Штеген
-Садио Мане, Уго Љорис, Серхио Агуеро, Френки Де Јонг, Душан Тадиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот