Модриќ: Не го потценивме Шахтјор, одигравме добро, но не беше доволно!

Реал Мадрид ги разочара своите навивачи со пораз на стартот од новата сезона во Лигата на шампионите.

„Кралевите“ на домашен терен загубија со резултат 2:3 од украинскиот состав на Шахтјор Доњецк. Играчите предводени од тренерот Зинедин Зидан имаа катастрофално прво полувреме после кога имаа негатива од 0:3.

– Одигравме подобро во второто полувреме, но не беше доволно. Мора да бидеме подобри и се држиме заедно. Ова е тежок пораз за нас, но мораме да гледаме напред. Знаеме дека Шахтјор е добра екипа и не ја потценивме. Едноставно, немавме добар старт, го постигнаа првиот гол и потоа ни падна целосно концентрацијата. Не сме среќни од перформансите – рече фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ.

Прочитајте и...  Лапорта е сериозен конкурент на Фонт за претседател на Барса, најавува две трансфер бомби

И неговиот тимски колега, Винисиус Жуниор се согласува дека „кралската“ екипа не играше добро.

– Сите во ова сме заедно, но сега тешко е да се зборува. Ниту еден од нас не одигра како што треба, и не можевме да го реализираме она што се бараше од тренерот. Мораме да работиме напорно во наредниот период – вели Жуниор.

Поврзани вести

ВИДЕО: Реал продолжува да подарува бодови, овој пат Алавес ги однесе трите бода

Слободен печат

Познати платите на возачите во Ф1, Хамилтон заработил колку и 14 возачи заедно

Слободен печат

Изненадување: Србија поразена од репрезентација која 65 години не играла на Евробаскет, Русија ја прегази Естонија

Слободен печат

Брегалница: Насилството да се исфрли од фудбалот 

Слободен печат

ВИДЕО: Лидс и Алиоски го зедоа скалпот на Евертон

Слободен печат

ВИДЕО: Јувентус не може да победи без Роналдо, Интер убедлив против Сасуоло

Слободен печат

Остави Коментар

MacedonianAlbanian