Модриќ го нападна Роналдо, во Јувентус тврдат дека станува збор за „бела“ завера

EPA-EFE/YOAN VALAT

Лионел Меси по шести пат ја освои Златната топка, но Кристијано Роналдо иако не се појави на свечената церемонија на доделувањето на наградите, се чини дека му украде голем дел од вниманието на Аргентинецот.

Роналдо на крајот заврши како трет во гласањето и ова воопшто не им се допадна на Италијанците кои го исмеаја потегот на „Франс фудбал“.

Дополнително, атмосферата ја вжешти и Лука Модриќ кој како минатогодинешен лауреат му ја предаде Златната топка на Меси којизјави дека фудбалот значи респект и кога не се победува.

– Роналдо? Меси е победник, мојата работа беше да му честитам и да му ја предадам наградата. Мора да се угледаме на другите спортови, да покажеме респект кон колегите. Кристијано мораше тоа да го направи – изјави Модриќ.

Одговорот на Модриќ дојде експресно од Италија, од капитенот на Јувентус, Џорџо Кјелини кој го обвини Реал Мадрид дека стои зад заверата, Роналдо да не добие награда во последните две сезони.

– Реал не дозволи Роналдо минатата година да ја добие Златната топка. Лани Модриќ не ја заслужи наградата, се е тоа политика. Ниту оваа година не ја заслужи Меси, а да бидеме искрени не ја заслужи ниту Кристијано. Наградата требаше да му припадне на некој фудбалер на Ливерпул – изјави Кјелини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот