Модното парче кое никогаш не заминува од мода: Најдобрите модели на малиот црн фустан! (ФОТО)

инстаграм

Малиот црн фустан беше и остана синоним за елеганција и моден печат.

Модата, како и повеќето работи во денешно време – брзо се менува. Работите многу брзо влегуваат и излегуваат од мода, а модните критичари се се построги.

инстаграм

Меѓутоа, на траката за трендови кои се брза мода, постои еден кој успеа да му одолее не времето, промената на трендовите, модните диктирања и да го задржи епитетот на врвна елеганција и минимализам – тоа е малиот црн фустан кој има огромен број на варијации!

инстаграм

Ова модно парче многу одамна го следи репутацијата дека „со него не може да се згреши“, а неговата едноставност дозволува употреба на разновидни аксесоари или „пресек“ на стајлингот со некоја впечатлива боја на чевли или чанта.

инстаграм

Таа едноставност дозволува на дизајнерите да си поигруваат со материјалите и текстурата на оваа модан реликвија, па така може да се види цел спектар на најразлизни кроеви, материјали и начини на носење на малиот црн фустан.

инстаграм

Од епидетите „бејсик“ и „досаден“, со кои многумина го нарекоа ова парче, малиот црн фустан успеа да еволуира, да се прилагоди на трендовите и да опстане, а да не ја изгуби својата автентичност.

инстаграм

Синонимот на вечната елеганција успеа да остане на врвот на листата „парчиња кои морате да ги имате“ во вашиот плакар и веројатно не постои жена на светот која нема барем едно вакво модно парче во својата колекција.

инстаграм
инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот