Модните совети на Ким Кардашијан со кои најдобро ќе ги истакнете вашите облини! (ФОТО)
Клучот на нејзиното облакање е да се нагласи силуетата и да се истакнат облините. Ова се некои од омилените комбинации на Ким Кардашијан, а според неа минимал стилот може да биде многу привлечен и сексапилен.
1. Играјте си обемните форми, бидејќи тие најмногу доаѓаат до израз во едноставни колористични форми. Ким знае како одлично да го изведе овој стил!
2. Стајлингот со лед боја и сребрени додатоци е секогаш атрактивен. Ролката е идеална основа за здолништето со асиметричен крој.
3. Наборите се техника која дизајнерите со задоволство ја прифатија оваа сезона. Наборите на фустаните и сандалите со чипка во ист тон совршено го придружуваат црниот додаток, односно малите очила од деведесеттите.
4. Ким сака да ја покажува кожата, а ова е вистински пример како да ги истакнете најубавите делови на телото и притоа да не делувате дегутантно.
5. Оделото во петролеј сина боја со два ред акопчиња може да го носите на голо тело или со „нуд“ боди како Ким.
6. Уште еден пример за влијанието на 90-те во модниот стил на Ким Кардашијан. Широките „машки“ тренерки во комбинација со кратка тесна маица, ги истакнува струкот и колковите. Лежерноста е секогаш посакувана!
7. Кожните панталони се „must have“ во гардероберот на секоја модна икона!
8. Трикотаж мини фустанот е одличен избор за летен вечерен изглед.
9. Рамената се еден од најубавите делови на женското тело. Тесен насобран фустан во „нуд“ боја, ја издолжува цела фигура. Не се плашете да комбинирате светли бои со добар крој.
10. Белиот и едноставен фустан со нежни аксесоари е пример за минимален шик.