Модните комбинации на кралицата Летиција со омилениот пар на чевли: Кралицата не престанува да мами воздишки следејќи ги најновите трендови! (ФОТО)

Profimedia
Фото: Profimedia

Шпанскиот крал Фелипе Шести заедно со сопругата Летиција моментално се наоѓа на Балеарските острови, а се во посета на градот Палма де Мајорка, каде прекрасната кралица беше во центарот на вниманието. Таа носела лелеав зелен фустан со цветен дезен, долги ракави и дискретно деколте. На нозете носела еспадрили во нежна бела нијанса на врзување, со висока потпетица од еден шпански моден бренд. Овој вид на чевли се меѓу омилените помеѓу дамите за ова лето.

профимедиа
профимедиа

Меѓутоа, идентичен пар на чевли носела и претходниот ден при посетата на Тенерифе. Сепак, фустанот бил поинаков – миди модел, без ракави, со подлабок пресек и интересен материјал. На долниот дел од фустанот имало ситно копе, а детали кои личеле на цветови и бели туфни, давале посебен мотив на романтика.

профимедиа

Двата фустани одлично ја нагласиле нејзината фигура, а нема сомнение дека кралицата е вистинска модна икона.

профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот