Модни грешки кои прават да изгледате непрофесионално на работа

Можеби мислите дека никој не обрнува внимание на тоа како се облекувате на вашето работно место, но бидете сигурни дека тоа не е така.

Иако секој од нас има свој личен стил, кога е во прашање работното опкружување, постојат некои работи кои не се соодветни за него.

Сè уште не знаете за што зборуваме? Неколку важни имиња од моќните компании од модната индустрија, го открија своето мислење за тоа кои стилови и парчиња облека ги сметаат за непрофесионални, а ние врз основа на нивните одговори составивме листа од шест најголеми грешки.

Грешка број 1

Старомодното облекување е најголемото модно кривично дело, кое можете да го направите на работното место. Облекувањето во согласност со времето во кое што живеете е еден од облиците на добри манири.

Грешка број 2

Премногу шминка, прекратки фустани и здолништа, покажувањето премногу кожа и неможноста за правилно одење на високи потпетици.

Грешка број 3

Тексас… Кое било парче облека од тексас оставете го за во вашето слободно време.

Грешка број 4

Облекувањето премногу брендирана облека е апсолутно непосакувано, а ова особено важи кога треба да одите на интервју за работа или во првите работни денови. Мора да посакувате во центарот на вниманието да се наоѓа вашата работа, а не вашиот скапоцен стил.

Грешка број 5

Доколку облеката не изгледате чисто, негувано и примерно за вашата позиција. Понекогаш некое парче нема добро да го комбинирате или да го носите како што сте го замислиле, но вашата облека и додатоци мораат да бидат чисти и уредни.

Грешка број 6

Не усогласувањето на вашиот стајлинг со фирмата во којашто се пријавувате за работа, е една од најголемите грешки кои можете да ги направите. Униформите се одамна заборавена работа во поголемиот број компании, освен во банките. Обидете се да не изгледате како модна жртва, туку како некој кој сака да ги следи трендовите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот